Ова е твоја земја, ти одлучуваш за нејзината иднина! Твојата идеја е нејзината иднина! Тоа е идеја како до повеќе работни места, обновена инфраструктура, подостапно здравство, поквалитетно образование, повеќе директни странски инвестиции, подобри услови за земјоделците.

Ти најдобро го чувствуваш проблемот. Ти најдобро го знаеш решението. Помогни си себеси, помогни ѝ на државата. Дај им ја својата идеја на тие на кои знаеш дека ќе ја ценат и на кои им веруваш дека ќе ја спроведат.

Ние не ветуваме чуда! Ние веруваме во потенцијалот на нашата татковина и во квалитетот на идеите што можат да ја подобрат нејзината иднина. Ветуваме макотрпна работа заедно со тебе. Ветуваме реализирани проекти.

Секоја идеја која што е издржана, обмислена и реално остварлива ќе биде избрана и реализирана. ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од домашни и од странски стручни лица кои ќе работат на програмата и кои внимателно ќе ги анализираат сите предложени идеи.

Заеднички да оцениме што ѝ е потребно на нашата земја за наредните четири години. Заедно со тебе ја пишуваме нашата програма. Програма составена од решенија, идеи и од проекти, а не од лажни ветувања и од лажни надежи. Во програмата ќе има многу проекти, реформи и мерки, кои ќе ви помогнат тебе и на твоето семејство.

Ние сме тука за тебе! Дај свој придонес!

[contact-form-7 id="5" title="Твојата идеја" html_class="use-floating-validation-tip"]
* СТАВКИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОПОЛНАТ!
ПРОГРАМИ